Бидете успешни. Планирајте ја својата професионална кариера. 

Бидете успешни. Планирајте ја својата професионална кариера. 

Планирањето на кариерата е суштинска вештина која е корисна во текот на целиот живот на секој поединец. Стекнувањето вештина за планирање, го олеснува постигнувањето на професионалните и животните цели, а води кон остварување на задоволство од постигнатото. Во оваа статија откриваме неколку чекори кои се основа во планирањето со посебен осврт на професионален план. 

Што е планирање на кариера и зошто е важно?

Планирањето на вашата професионална кариера е процес на идентификување одредени области на кои сакате да работите во вашиот професионален живот. Тоа е корисно во секој транзициски период од животот на поединецот без разлика дали неодамна сте дипломирале и ја започнувате својата професионална кариера, или сте работеле со години и сакате да продолжите со нови интереси или да напредувате кон подобри можности. 

Планот за кариера ви овозможува  да ги идентификувате чекорите што треба да ги преземете. Може да вклучува образовна обука, развој на вештини и следење можности и интереси кои се усогласуваат со вашата визија за кариерен успех. Се состои во креирање различни краткорочни и долгорочни цели специфични за раст и развој во рамките на вашиот професионален избор, а потоа ги  разложување во акциски задачи. 

Придобивката од ова планирање е во тоа што ви овозможува да го следите и прилагодите вашиот напредок со текот на времето, но во истовреме ви помага да останете на вистинскиот пат кога се чувствувате немотивирано. 

Други придобивки од креирањето на план за кариера вклучуваат:

  • откривање на нови интереси
  • поставување и постигнување на вашите цели
  • стекнување подобро разбирање на пазарот на труд
  • признавање на сопствениот потенцијал 
  • подобрување на вашите вештини
  • одржување на здрава рамнотежа помеѓу работата и животот
  • зајакнување на вашата доверба во изборот на кариера
  • алатка за мерење на вашиот раст и успех.

Во процесот на планирање сте фокусирани кон креирање цели и чекори кои ќе ве водат кон постигнување на одредена крајна цел.

Вашиот план може да го вклучи следново:

  • Почетна точка: Каде сте сега во вашата професионална кариера?
  • Дестинација: Каде сакате да се движите во вашата професионална кариера?
  • Празнина: Пречките што мора да ги надминете за да стигнете до дестинацијата.
  • Патека: Чекори што можете да ги преземете за да ја затворите празнината и да стигнете до вашата дестинација.

За да креирате план за развој на вашата кариера, клучни се неколку чекори:

1. Идентификувајте ја вашата моментална позиција

За да го направите ова, направете самопроценка. Запознајте се подобро себеси. Размислувајте за себе преку следниве прашања:

  • Што сакам / уживам да правам?
  • Кои се вештините и способностите кои ги  имам?
  • Какви вештини или способности ми недостасуваат?
  • Што ме мотивира да работам?
  • Какво е моето професионално искуство?
  • Дали претпочитам да водам група, да работам со врсници или да работам сам?
  • Кој е мојот повик во животот?
  • Што ми ја зголемува енергијата на работа?
  • Што ми ја троши енергијата?

Не заборавајте да пишување. Една од најважните работи во планирањето е сите овие одговори да ги ставите на хартија. 

2. Идентификувајте ја вашата дестинација

Сега кога ја знаете вашата моментална позиција во кариерата, фокусирајте се на тоа каде сакате да одите. За да го направите ова, обидете се со следново:

  1. Најнапред прифатете дека ова е одлично време да размислите за кариерата од соништата, без разлика колку тоа може да изгледа нереално.
  2. Бидете свесни дека ова го правите за себе и никој ниту ве оценува ниту ве осудува.
  3. Започнете да ги запишувате сите ваши посакувани работни позиции безразлика колку тие во моментов ви се чинат високи или недостижни.
  4. Не размислувајте за ништо што може да ве кочи.
  5. Наместо тоа, размислете каде сакате да бидете за 5 до 10 години.
  6. Можете да започнете и со планирање на краткорочни цели, за следната година или две години, ако создавањето една голема долгорочна цел за 5 до 10 години, на прв поглед ви делува застрашувачко.

3. Направете анализа на празнините

Кога влегувате во оваа фаза, се претпоставува дека имате изградена слика за себе, за тоа каде моментално се наоѓате и секако за местото каде што сакате да бидете.  Тогаш сте подготвени да  извршите анализа на празнините. Почнете.

  • Истражувајте ја професионалната кариера која е ваша цел

Искористете ги сите ресурси кои ќе ви обезбедат информации за целната кариера. 

  • Побарајте локални огласи за работа со описи на работната позиција и условите за вработување
  • Истражувајте описи за работната позиција, за да дознаете повеќе за неа од сите нејзини аспекти (потребно образование, потребни преносливи вештини, работна средина, можности за напредување и многу други карактеристики)
  • Истражете што бараат работодавачите. 
  • Ако размислувате за свој сопствен бизнис, научете повеќе за тоа што ви е потребно за да почнете. 
  • Ако имате повеќе посакувани дестинации, истражувајте за сите. 
  • Направете листа со вашите способности, вештини, јаки страни, вашето искуство.

Овие информации ќе ви помогнат да одредите дали ви недостасува нешто, за да можете да го подобрите или развиете пред да тргнете на патувањето до посакуваното. Во голема мерка ова ќе влијае и на вашата мотивација и самодоверба. 

  • Консултирајте се со искусни професионалци

Разговорот со искусни професионалци во областа која ве интересира, може да ви помогне да ги разберете работите во кои треба да се подобрите.  Ќе ви ги доближи информациите од пазарот на труд, моменталната конкуренција, можностите, предизвиците. 

  • Направете споредување

Сега кога ја познавате позицијата која ја сакате, споредете ја со вашите тековни квалификации, оценувајќи ги. Користете го списокот што го направивте за своите вештини, интереси, вредности, искуство, образование и сл.  Дајте оценка од еден до пет на секоја ставка од листата. Еден може да претставува дека не го исполнувате условот воопшто, а пет може да ве претставуваат совршено исполнувајќи го условот. 

Ако имате мали оценки во битни ставки за работната позиција која ја посакувате, значи дека треба да потрошите повеќе време и енергија за да инвестирате во развивање или усовршување за да ги исполните тие барања.

Ако оценките се високи, не трошете време. Испланирајте ги првите чекори и тргнувајте во акција. 

4. Направете план за развој на кариерата

Откако ќе ги завршите сите ваши истражувања и анализи, можете да го креирате вашиот конечен план за развој. Еве како можете да го направите тоа:

  • Поставете мали цели ориентирани кон задачи
  • Направете листа на мали задачи што треба да ги завршите за да ги постигнете вашите поголеми цели. 
  • Ова ги прави вашите цели поостварливи и ве мотивира да продолжите да работите напорно. 
  • Потоа, организирајте ги овие задачи и цели со временска рамка. 
  • Размислувајте ПАМЕТНО – користете го методот SMART цели. (што значи специфични, мерливи, остварливи, релевантни и временски ограничени). 
  • Секоја цел што ќе ја напишете мора да го исполнува секое од петте барања на методот SMART за да ја подобрите веројатноста дека можете да ги достигнете.

5. Останете во процесот 

Креирањето на вашиот план за професионален развој треба да се преиспитува и да се мери напредок за да останете на вистинскиот пат. Тоа направете го такашто ќе :

  1. Водите евиденција – што сте направиле, што уште треба да направите.
  2. Редовно следете го вашиот напредок – забележувајте ги сите успешни чекори и остварени цели
  3. Размислете за работите кои ви излегоа на патот неочекувано и решавајте ги додека сте во движење кон целта. 
  4. Ажурирајте ги целите, можеби за некоја од нив ви треба повеќе време одколку што планиравте. 

Автор: Марија Коваческа
Еврогајденс амбасадорка за Северна Македонија

Претходно ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЕКОР ДО УСПЕШЕН КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И КАРИЕРНО ВОДСТВО

Leave Your Comment

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©