ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЕКОР ДО УСПЕШЕН КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И КАРИЕРНО ВОДСТВО

ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЕКОР ДО УСПЕШЕН КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И КАРИЕРНО ВОДСТВО

Значењето на соработката на високото образование со деловната заедница, во последно време се повеќе го потенцира својот примат, како основа на успешен развој  на едно цврсто и економски оправдано општество. Секако дека ваквата соработка, на индиректен начин влијае и на она што значи успешен кариерен развој и успешно кариерно водство. Од овие причини, вака воспоставената комуникација помеѓу овие два значајни ентитети во општеството, придонесува за успешен општествено – економски развој на едно општество, односно следење на промените кои што настануваат, и навремено превземање на чекори за прилагодување кон истите. 

Оттука произлезе и иницијативата за еден мултидисциплинарен проект  кој се реализира во рамкуте на активностите за промоција на улогата и значењето на кариерниот развој и кариерното водство, во кој главни опортунисти беа студентите на Економскиот факултет – Прилеп, кои имаа одлична можност практично да одговорат на предизвиците на реалниот сектор. 

Имено, на 12 мај 2023 година како дел од мултидисциплинарната соработка на Центарот за професионални обуки и кариерен развој при Економскиот факултет – Прилеп и компанија од информатичкиот сектор се одржа настан, на кој студентите кои учествуваа во активноста, имаа задача на поставениот предизвик да истражуваат, анализираат и креираат стратегии за нивен кариерен развој во компанијата како и алатки и методи кои би ги примениле.

Задачата инкорпорираше повеќефазни активности, така што овозможи примена на теоретското знаење во пракса и притоа, стекнувајќи се со вештини за истражување, анализа, планирање, креативност, тимско работење, комуницирање, самопромовирање, решавање конфликти, комуникација во живо и на далечина, употреба на бројни ИКТ алатки итн. 

На крајот на настанот, тимовите имаа задача да ги презентираат своите резултати  пред претставниците од деловната задница и високото образование.

На овој настан, се потенцира задоволството и придобивките од ваков тип на проектна задача за сите вклучени во истата и се трасираа можностите за идни соработки. 

Несомнено, придобивките се големи како за универзитетот и компанијата, така и за студентите, кои ја покажаа својата подготвеност да одговорат на реални задачи со многубројни предизвици. 

Задоволството од успешно реализираната активност беше обостран посебно за студентите, што имаа можност да соработуваме со врвна компанија, која ги отвори вратите за соработка и нови идеи, покажа позитивен пристап и голема општествена одговорност.

Се надеваме дека вака превзмената активност и вклученоста на дел од бизнис заедицата, ќе биде поттик и мотив кој ќе ги охрабрир и останатите компании да се вклучуваат во вакви  и слични активности преку кои ќе моделираме здрави и успешни кадри.

Претходно Како да ги запознаете децата од предучилишна возраст со различни професии

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©