Дигитализацијата повикува на дигитална трансформација во кариерното советување/водство

Дигитализацијата повикува на дигитална трансформација во кариерното советување/водство

Дигитална технологија, дигитални услуги, дигитални вештини, дигитални платформи, дигитална комуникација……. 

Всушност, дали во денешното дигитално време, кариерното советување/водство може да остане имуно на општествената дигитализација?

Услугите за кариера се менувале со текот на времето со цел да се прилагодат на општествените промени.  Ако ги гледаме хронолошки услугите кои ги нудело и ги нуди кариерното советување, јасно е дека тие поминале низ процес на еволуција прилагодувајќи се на побарувачката на пазарот на трудот. Започнуваат како стручно водство во раните 1900 – ти, како сервис кој им помага на емингрантите да се вклучат во тогашниот пазар на труд во Америка. Покасно се развива како услуга која дава поголем акцент на советувањето, планирањето на кариерата и подготовката за барање работа. Следи период на развивање на свесност и самоиницијативност за вложување во сопствениот развој на кариера и меки вештини за прилагодување кон глобалните промени. 

Кариерното советување / водство претрпе  значителни промени и во 21 век поради повеќе фактори: 

  • континуираното појавување на современи дигитални технологии; 
  • појава на нови кариери / работни позиции;
  • брзи промени на пазарот на труд;
  • глобализацијата;
  • зголемената мобилност; 
  • подемот на доживотното учење; 
  • зголемена количина на достапни информаци и др.

Влијанието на дигиталната технологија врз услужните активности за развој на кариера,  одигра впечатлива улога во еволутивниот процес. Можностите за професионално вмрежување отворија нови видици и брза размена на искуства. Значително олеснетиот пристап до информации понуди отворени можности за искуствено учење преку практикантска работа, мобилности, вработувања, поврзување со работодавачите. И ова е само дел од широката палета на можности кои технологијата ги прави лесно достапни до клиентите.  

И сега претпоставувам станува јасно дека кариерното советување, како процес кој еволуира приспособувајќи се на глобалните промените, неизбежно ја прифаќа и се вклопува во општествената дигитализација.     

Претходно Добри практики во врска со кариерното советување на лица со попреченост

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©