ЕЛЕКТРОНСКИОТ САЕМ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ, КАКО АЛАТКА ЗА КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ НА МЛАДИ

ЕЛЕКТРОНСКИОТ САЕМ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ, КАКО АЛАТКА ЗА КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ НА МЛАДИ

Препознавањето на важноста на вештините кои што ги поседуваат студентите како и нивните компетенции, се од суштинско значење со оглед на тоа што тие се  поврзани со вработливоста на младите луѓе. За поединците, способноста за вработување зависи од знаењето, вештините и ставовите што ги поседуваат, од начинот на кој ги користат овие важни елементи и како ги претставуваат пред работодавачите, како и од контекстот во кои тие бараат работа. 

Познато е дека голем процент на млади луѓе од Западен Балкан се невработени, и  истите немаат доволно знаење, вештини и компетенции кои се потребни за пазарот на трудот. Иако постојат јасни докази за ефектите на неформалното образование врз подобрувањето на вештините што ја поттикнуваат вработливоста на младите се многукратно позитивни, сепак,  вниманието кое се посветува на оваа област на регионално ниво, не е доволно.

Портфолиото на вештини кои треба да ги поседуваат младите а кои се неопходни за нивно вработување, ги вклучува и резултатите од досега направените анализа на клучни вештини кои се неопходни за прилагодување на младите на пазарот на трудот, како и методи за нивен развој преку програми на Центрите за кариера, а на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ваквата активност се спроведува преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење.

Компетентноста е основна карактеристика на индивидуата која е условно поврзана со референтно извонредно и/или ефективно достигнување во работата и ја рефлектира врската помеѓу светот на работата и образовниот процес во кој поединците стекнуваат одредени знаења, способности и вештини што потоа ги применуваат во организациите. Разликата помеѓу резултатите од учењето и компетенциите е дека резултатите од учењето се гледаат како знаење, вештини и способности кои се примарна цел на образованието без да ги поврзат тие знаења и вештини со пазарот на трудот, додека компетенциите се знаење и вештини кои имаат своја примена на пазарот на трудот. Резултатите од учењето стануваат компетенции само кога се валоризираат во пракса, односно во работните процеси. Затоа, резултатите од учењето значат пишани дефиниции за знаење, способности и вештини што студентот треба да ги поседува на крајот од одреден период на учење и тие го претставуваат посакуваниот резултат на образовниот процес, додека компетентноста значи вистински знаење, способности и вештини што ги поседува индивидуата. 

Оттука, може да се заклучи дека резултатот од учењето во високообразовните институции треба да бидат стекнати компетенции кои вклучуваат поседување на теоретско и практично знаење, познавање на информатичка технологија и странски јазици, како и поседување лични деловни вештини. Затоа, ова се компетенции што ќе ги оспособат студентите со знаење во полето на работа, односно ќе ги оспособат оние лица, кои ќе придонесат за подигање на конкурентската предност на нивните организации и националните економии во кои работат. Покрај тоа, воведувањето лични деловни вештини во високото образование значи и чекор поблиску до образовниот простор на Европската унија, што вклучува можност и право на поединци да студираат во кој било образовен систем во рамките на Унијата или да бидат вработени во која било земја-членка без оглед на тоа каде го стекнале својот степен. 

Сепак, она што се случуваше во последните неколку години како резултат на пандемијата со ковид 19, ни даде до знаење, декак како индивидуи или тим ќе мора да научиме да ја користиме предноста што ни ја нуди информаичката технологија. 

Оттука, она што го реализиравме како Саем за кaриерно советување и кој до пред неколку години беше со физико присуство, последните неколку години мораше да се прилагоди на новонастанатата ситуација и истиот да продолжи да функционира, но сега веќе како електронски саем за кариерно советување на потенцијалните студенти.

Она што сакавме да го направиме е да добеме конкретни  информации  за интересот на идните студенти односно како да им помегнеме во нивното кариерно насочување. 

C:\Users\Goce\Desktop\EUROGUAIDANCE AMBASADOR\Untitled.png

*Горенаведената слика се однесува на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Македонија и претставува анализа на интересот на средношколците за еден од факултетите на универзитетот. Анализираните податоци се објавени за периодот од 01.03.2022 до 30.06.2022 година, а саемот ќе биде отворен до 30.09.2022 година кога ќе имаме и целосна анализа.

Според податоците добиени од аналитичкиот центар на Виртуелниот  саем за образование, во изминатиот период бројот на посетители по прв пат на платформата, е над 28.000  кои се движеа низ експо салите, ги посетуваа штандовите и учествуваа на настани во рамките на конференциската сала.

На саемот учество зедоа над 400 високообразовни институции од регионот преку кои студентите на едно место можеа да ги добијат потребните информациии. 

Анализата на посетата на штандот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола го прикажува вкупниот број на посети, како и посетите по географска дистрибуција за периодот од 01.03.2022 до 30.06.2022 година.

Оваа информација може да биде корисна за да се има подобар увид за тоа каде и за што се заинтересирани младите  изошто сакаат да студираат на УКЛО. Согласно добиените резултати, да се подготват промотивните активности од единиците кои ќе бидат насочени кон целните групи со цел информациите да допрат до што поголем број млади.

Во блиска иднина, ќе следи и подетална анализа од саемот, како и други детали поврзани со виртуелниот саем за образование.

Исто така, преку направената анализа, се отворија и определен број на прашања кои сакавме да ги посочиме како најчесто поставуваните прашања на средношколците. По деталното истражување и разговори со потенцијалните студенти, издвоени се збир на прашања кои можат да помогнат со цел полесна  комуникација  со идните студенти и нивното кариерно насочување.

Според анализата, она што најмногу ги интересира идните студенти е следново:

  1. Колкав е бројот на предвидени места во државна квота?
  2. Која е висината на сумата што треба да се плати при уписи?
  3. Кои се сумите во државна квота, кофинансирање и вонредни студенти?
  4. Која е потребната документација при уписи?
  5. Термини за уписи?
  6. Како се одвива процеосот на пријавување?
  7. Кога ќе бидат објавени резултатите?
Претходно Работилница: Дали сум привлечен за работодавачите

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©