Конференција во Австрија: Кои вештини се потребни за во иднина – Зајакнување на компетенциите преку кариерното насочување“.

Конференција во Австрија: Кои вештини се потребни за во иднина – Зајакнување на компетенциите преку кариерното насочување“.

Еврогајденс амбасадорот Гоце Маркоски, како претставник од Република Северна Македонија, учествуваше на Конференцијата под наслов „Кои вештини се потребни за во иднина-Зајакнување на компетенциите преку кариерното насочување“. Конференцијата се одржа на 09.11.2023 година во Виена, и истата беше организирана од Еврогајденс Австрија.

На самата конференција, акцентот беше ставен на потребата од адаптирање на вештините за кариерно водство и кариерно советуање која се јавува како разултат на длабоката трансформација на пазарот на труд поттикната од технолошкиот напредок и автоматизацијата. Тоа доведува до потреба од изградба на одржлива и исполнета програма за кариерно водство и кариерно советување.

Факт е  дека, пазарот на трудот минува низ длабока трансформација, поттикната од технолошкиот напредок, автоматизацијата и барањата за адаптирање на вештини. Климатската криза и другите предизвици бараат одржливи решенија за да се обликува потребата од работна сила за во иднината. Така, беше заклучено дека, кариерното водство игра клучна улога во подготовката на поединците за овие промени и во помагањето да изградат одржливи и исполнети кариери.

Во попладневните часови, учесниците имаа можност да учествуваат на една од петте паралелни работилници. Овие интерактивни сесии се занимаваа со примери за најдобри практики и методи за кариерно водство. Еразмус+ катчето и понуди можност да се запознаат Еразмус+ проектите и да се развијат проектни идеи.

Настанот е дел од Европската година на вештини, која има за цел да даде нов поттик на доживотното учење, да ги поддржи иновациите и конкурентноста и да ги вреднува сите вештини и знаења.

На конференцијта беа опфатени следните теми:

  • Разумно користење на искуството – експертиза и совети за луѓето во доцната фаза на вработување,
  • Дали сме подготвени за кариерното водство и кариерното насочување за Европа во иднината?
  • Како да се развијат вештини за иднината согласно потребите на пазарот на труд.
  • Совети за образование и кариера насочени кон перспективите  со зелените  работни места, и
  • Проценка на трансверзални вештини и компетентност во кариерното насочување.

Претходно Како да ја планирате кариерата: Преземање акција во три чекори

Leave Your Comment

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©