МЛАДИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ ВРЗ НИВНИОТ КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

МЛАДИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ ВРЗ НИВНИОТ КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

Она што е во доменот на интерес на науката во полето на кариерниот развој на младите, и што во последно време поттикнува да се размислува и да се истражува на оваа тема, e влијанието на родителите врз кариерен развој на нивните деца. Во овој контекст, акцентот се ставен на две гледишта и тоа: Дали советите кои им ги даваат родителите на своите деца во поглед на нивниот кариерен развој (избор на факултет), се во паралела и се сопаѓаат со афинитетите на децата, или децата стануваат „алатка„ за нереализираните цели на своите родители, притоа пренесувајќи ја нивната нереализирана амбиција. 

Овде, посебно треба да се нагласи и проблемот кој се јавува со мотивирањето на младите, своето високото образование да го реализираат на некој од универзитетите кои се надвор од државата, притоа градејќи ја својата кариера надвор од матичната земја.

Ваквите постапки нè секогаш имаат позитивен исход и нè секогаш придонесуваат кон правилен кариерен развој на лицето. Значи, треба да се нагласи дека, влијанието на родителите врз изборот на кариерниот развој на нивните деца, може да предизвика позитивни и негативни импликации. Меѓутоа, дали изборот на идната професија на младите зависи од директниот пристап на родителот кон оваа проблематика, или индирекното влијание од родителите, како резултат на нивната посветеност кон својата професија.

Се поставува прашањето: Кога младите почнуваат сериозно да размислуваат за својата кариера и професија? 

Тоа најчесто се случува во адолесценската фаза, кога почнуваат сериозно да размислуваат за својата иднина, притоа честопати гледајќи ги своите родители како модели за својата кариера. Ваквиот пристап може, или да ги инспирира младите да истражат различни потенцијални занимања или да се држат до патот што нивните родители го трасираат за нив. 

Не е изненадување што многу млади, се третата или четвртата генерација од нивните семејни бизниси кои ја продолжуваат традицијата, градејќи ја својата кариера согласно традицијата во семејството, или се определуваат за иста професија следејќи ја семејната традиција во изборот на  идната професија. Ваквите појави најчеста се рефлектираат кај правните струки (адвокати, нотари, судии), медицинските струки (доктори), инженери и сл..

Исто така, како друг мотив за избор на својата кариера е ако работата на нивните родители им причинува големо задоволство или им обезбедува удобен начин на живот. Децата рано ги гледаат придобивките и може при изборот на својот кариерен пат да ги фаворизираат тие професии пред другите. Спротивно на ова, ако родителите не се задоволни од своите работни позиции, како и тешкотиите кои се јавуваат при материјалното обезбедување на семејството како резултат на недоволните приходи, децата со право ги одбегнуваат таквите струки и голема е веројатноста да бараат поисполнети или повисоко платени позиции и струки.

Некои родители пак, како резултат на моменталниот текови во општеството ги поттикнуваат своите деца да одат на различни активности вклучувајќи и часови по музика или танц, да се занимаваат со спорт или некоја друга активност, што придонесува насочување на кариерата на своите деца во таа насока. Притоа, треба да се има предвид дека ваквиот пристап може да доведе до разочарување кај младите, бидејќи не секој еден е талентиран за спорт, музика, ументност….  Колку порано детето ја запознае сферата на сопствениот интерес, толку повеќе време ќе има да ги истражи и да ги зајакне своите вештини. 

Некои млади пак, патот за развој на својата кариера едноставно го избираат затоа што во текот на студирањето, толку многу биле вклучени во определени активности, што по дипломирањето веќе својата иднина ја гледаат во таа професија, како втора природа. 

Не секогаш, влијанието на родителите врз изборот на кариерниот пат на младите е погрешен. Напротив, колку повеќе дисциплини се обидува детето да искуси, толку подобро ги знае своите силни и слаби страни. Исто така, брзо учи што сака и што не сака, како и да замисли што може да прави до крајот на животот.

Често пати, младите ги прифаќаат знаците од нивните родители за вредностите  кои им се нудат во општеството генерално во сите сфери. Децата кои имаат родители кои ги охрабруваат да напредуваат добро во училиштето учат да го ценат образованието, почнуваат да развиваат свои желби да го продолжат своето образование после средното училиште.

Во оваа насока, често пати, родителите поставуваат високи стандарди, кои се потешко остварливи, а кои влијаат на децата да се занимаваат со активности за кои мислат дека ќе добијат одобрение од нивните родители. 

Од друга страна, кога родителите јасно кажуваат дека немаат конкретни очекувања за кариерата на нивното дете, тоа чувствува слобода да истражува повеќе различни професии. Притоа  избирајќи ја професијата  врз основа на  сопствените преференции наместо оние на  родителите.

 Овде ќе се навратиме на значењето на кариерното советување и кариерното насочување уште во основното и средното образование, кои би ја презеле советодавната улога за насочување на младите во насоките на нивниот кариерен развој. 

Како последица на сето ова произлегува дека, кариерното советување и кариерното насочување се јавуваат како неопходност во современите текови на општествено живеење, па така нивното инкорпорирање во високото образование, дава нов поглед кон универзитетите. Токму во таа насока се движат и активностите кои што универзитетите ги преземаат во основањето на Центрите за кариера, а кои имаат за цел да им помогнат на студентите во трасирањето на нивнииот кариерен развој. 

Затоа е потребно, следење на младите уште од нивната најрана возраст со цел да можат да се откријат нивните афинитети и таленти. Ваквиот пристап кон оваа проблематика, бара ангажирање на лицата определени кои ќе бидат стручно оспособени за следење и препознавање на надареноста на младие со цел нивно квалитетно, ефикасно и ефективно наочување.

Бидејќи се работи за тема, која е суптилна и доста актуелна посебно во средината во која што живееме, потребно е нејзино детално разработување.

Претходно Варшава: Форум за стручно образование – годишна конференција

Leave Your Comment

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©