Учество на студиска посета во Брисел на тема „Inclusive guidance in Belgium“ која се одржа од 23.10.2023 – 27.10.2023

Учество на студиска посета во Брисел на тема „Inclusive guidance in Belgium“ која се одржа од 23.10.2023 – 27.10.2023

Во периодот од 23 – 27. 10.2023 година Еврогајденс амбасадорките Марија Коваческа и Изабела Шкоф присуствуваа на студиска посета во Брисел / Гент, Белгија. Програмата која се реализираше во рамки на студиската посета, беше поврзана со организацијата, реализацијата, методологијата и можностите што ги нуди  инклузивното водство во Белгија. Во рамки на студиската посета беа вклучени учесници од шест европски земји: Белгија, Република Северна Македонија, Данска, Република Малта, Луксембург и Република Франција.  

Реализираните активности обезбедија да се запознаеме и дискутираме со претставници од различни организации и институции кои во Белгија имплементираат инклузивно водство и поддршка за ранливи групи, во двете говорни подрачја. –  Брисел (регионот на главниот град) и Гент (Фламански регион во Белгија )

Организаторите обезбедија простор во кој претставниците од сите земји учеснички имаа можност да ги презентираат активностите кои се реализираат во нивните региони, поврзани со инклузивно кариерно водство. Главни организатори на студиската посета се: 

  • Euroguidance Vlaandern
  • Epos (European Plate Observing System)
  • Bruxelles Formation
  • Cité des métiers – Brussels
  • Federation Wallonie Bruxelles
  • Фламанското Министерство за образование и обука

Краток опис на реализираните активности: 

23.10. 2023 Пристигнување и сместување во Брисел
24.10.2023Во рамки на првиот ден студиската посета започна со воведен дел и меѓусебно запознавање на учесниците, а добредојде во име на EPOS ни посака  г-ѓа Jill Peiffer. По нејзиното обраќање, г-ѓа  Joke Verlinden ни даде кратка презентација за организацијата EPOS и кариерното водство во Фламанскиот дел на Белгија. Г-дин Thierno Sow ни зборуваше за активностите кои ги реализира Bruxelles Formation и активностите кои тие ги реализираат како поддршка на различни таргет групи.  Со цел размена на искуства, организаторите предложија секоја од учесничките земки да го презентира кариерното водство во ницната држава. Овој ден тоа го направија претставниците на Малта.
25.10.2023Во рамки на вториот ден, главен фокус се стави на објаснување на работењето на „Cité des métiers“ како место каде повеќе партнерски организации се среќаваат и бараат информации за градење на својата професионална идина. Откако ги разгледавме просториите на Cité des métiers“ своите искуства ни ги преставија неколкуте партнерски организации.  Презентација за начините на поддршка на лицата кои се во затвор,  упатства и програми кои се користат за нивно интергирање за пазарот на труд после излегување од затвор. Развивањето на инивидуални програми за затворени лица и/или неодамна ослободени од затвор, можноста за нивно вклучување во курсеви и тренинг програми кои им го олеснуваат запослувањето после излегувањето од затвор.  (Мериан Азар – Кариерен советник за затвореници)  Презентација на начините на кариерно водство за лица со попреченост. Беа опишани можностите за реализација на групни и индивидуални сесии, начините на работа и поддршка и дел од алатките и ресурсите кои ги користат. (dorifor.be) (Мелиса Ванкастер – кариерен советник и тренер за лица со попреченост) Презенација на активностите на BF Tremplin, биро и сервис за стручно образование за лица со попреченост. Ни беа презентирани нивните клучни акции во остварување на целите за градење меки вештини, основни знаења, стручни вештини  и самодоверба кај лицата со попреченост. Методологиите за развивање акциски планови и вклучување во пазар на труд.   Презентација на начините и програмите за поддршка и кариерно водство која има за цел да им помогне на жените да стигнат до пазарот на труд во Белгија, ни беше презентирано од страна на невладината организација „Etincelles“. Ги опишаа нивните припритети, начини на работа, алатките кои ги користат во активностите за професионална ориентација и споделија успешни приказни.   (urban.brussels; equal.brussels)  Активностите вториот ден од студиската посета завршија со презентација на колегите учесници од Данска и нивниот начин на работа во полето на кариерното советување во училиштата.   (ug.dk)
26.10.2023Патување до градот Гент.  Презентација за SIHO мрежата на инклузивно високо образование во Фландрија и инклузивна мобилност. Презентерите ни ги претставија клучните акции на SIHO, публикации, можностите за инклузивни мобилности и користење на дигитални инклузивни алатки за самопроценка, е – учење, инспиративни практики и конкретни активности кои се реализараат во како поддршка на различни таргет групи. Ни претставија доста интересен модел за самопроценка на менталното здравје кај младите. Презентација на тема „De Stap / Word Wijs“ и активности кои се однесуваат на доживотното учење и водство наменето за возрасни и  неквалификувани млади луѓе помеѓу 17-22 години преку ABC методологија.  Следеше нашата презентација, за активностите поврзани со кариерното советување и водство, кои се реализираат од нашиот еврогајденс центар како и реализираните и тековните проекти на АСК  – асоцијацијата, во кои сме вклучени. Информациите кои ги споделивме предизвикаа голем интерес и дискусија од страна на сите присутни.  Следеше посета на Гент универзитетот, кој пренесе доста инспиративни практики, користење на  дигитални алатки ( Ask Simon), методологија на групни и индивидуални сесии и моделот на студенти волонтери.  Во рамки на посетата на градот Гент, беше организирана и прошетка за запознавање на знаменитостите на градот. Туристичкиот водич ни ги пренесе спецификите на градската архитектура, значајните објекти и начините на живеење во него во различни временски периоди.  Враќање во Брисел.
27.10.2023Последниот ден од студиската посета беше посветен на институцијата GTB, сервис за поддршка на ранливите лица при барање работа кој соработува со VDAB – Фламанскиот јавен сервис за вработување, медијација и стручно образование. Ги пренесоа своите искуства можностите кои белгискиот систем ги овозможува за учење од дома, без обрска да се оди на училиште. Го објаснија начинот на поддршка на лицата кои после подолго боледување треба да се вратат на пазарот на труд. Органзациската структура на тимовите за поддршка и нивната фокусираност кон клинетите.  Презентацијата за инклузивно водство во училишното образование, ја реализираше претставничка од фламанско Министерство за образование и обука, која детално го опиша моменталниот систем на образование и новите мерки за поддршка во процесот на кариерен развој на учениците кој започнале со имплементација оваа година.  Овој ден презентираше учесничката од Луксембург, која ги пренесе основните задачи и активности на организацијата во која работи, а се насочени кон кариерен развој на лица со попреченост.   Последна активност од студиската посета беше евалуацијата и дискусијата за можности за соработка и следни чекори. 
Претходно Мадрид: Претставување на добри практики од Северна Македонија

Leave Your Comment

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©