10 совети кои ќе ви помогнат да ја добиете вашата прва

10 совети кои ќе ви помогнат да ја добиете вашата прва

работа по завршување на факултет

Првото вработување по завршувањето на факултетот е голем чекор за секој студент, па
затоа на голем дел од студентите разговорите со кариерен советник им се многу корисни.
Овој месец имав можност да разговарам за оваа важна тема со студентите на
Архитектонскиот факултет во Скопје на работилницата која ја водев заедно со мојата
колешка Биљана Велевска насловена „Кариерната патека – клучна животна одлука“.
Главната цел на работилницата беше на студентите да им ги пренесеме десетте најважни
совети неопходни за добивање на прва работа во креативната индустрија. Доколку сте во
потрага по вашата прва работа и ги следите ги овие чекори, целиот процес на
вработување ќе ви биде многу поедноставен.

  1. Анализирајте се
    Пред да започнете да барате потенцијална работа, треба да направите самопроценка.
    Иако на почетокот можеби мислите дека овој чекор е неважен бидејќи веќе знаете сè за
    себе, ова е веројатно најсуштинскиот совет од сите. За да започнете да ја барате вашата
    совршена работа, прво мора да ги процените вашите вредности, силни страни, слаби
    страни, интереси, особини и амбиции за да откриете што ве мотивира, во што сте добри и
    на што уште треба да работите за да станете најдобрата верзија од себе. Имајќи ги сите
    овие информации за себе ќе ви помогне полесно да го напишете вашето прво CV.
  2. Можности за истражување
    Откако ќе направите целосна анализа за себе низ призма на професијата која сакате да ја
    работите, треба да започнете да го истражувате пазарот на трудот и различните опции кои
    истиот ви ги нуди. Направете дополнително истражување за вашата професија и
    анализирајте како би изгледале вашите идни работни обврски. Истражете ги трендовите
    во индустријата и различните опции за развој на вашата кариера.
  3. Направете листа на потенцијални места за вработување
    По вашето истражување, време е да направите список на компании во кои би можеле да
    се замислите да работите. Бидете многу селективни и направете темелно истражување за
    тоа дали вредностите на компаниите се совпаѓаат со вашите, како и дали би можеле да ја
    развивате вашата кариера во таа компанија и сите останати фактори кои се важни за вас.
  4. Направете план
    Во овој чекор дополнително ќе ја намалите листата на потенцијалните компании и ќе ги
    оставите само оние компании каде навистина би сакале да аплицирате за работа. Ако
    успешно сте се анализирале себеси и пазарот на трудот, сега ќе можете да донесете
    информирана одлука за тоа каде сакате да аплицирате.
  5. Ставете го планот во акција
    Откако одлучивте каде сакате да аплицирате, време е да започнете да се поврзувате со
    вашите потенцијални работодавци. Можете да го направите тоа со аплицирање за работа
    во нивната компанија или да разговарате со пријатели или познаници кои работат во
    компанијата за да можат да ви дадат повеќе информации за компанијата кои ќе ви
    помогнат да направите подобра апликација. Забележете го датумот кога сте аплицирале и
    датумот кога треба да добиете повратни информации за вашата апликација за полесно да
    можете да се организирате.
  6. Напишете CV или биографија
    Кога веќе ќе ја имате листата со потенцијалните места за работа, можете да започнете да
    ги подготвувате документите што ќе ви бидат потребни за апликацијата. Првиот е CV,
    документ со подолг формат кој ја содржи целосната историја на вашето студирање,
    работно искуство, вештини, информации за контакт и краток опис за вас каде ќе напишете
    зошто сте заинтересирани за таа конкретна работна позиција. Од друга страна, резимето
    е пократок документ, генерално 1-2 страници. Тоа е концизен документ кој дава прецизни
    информации за вашите вештини и квалификации за една конкретна позиција, а најмногу
    се фокусира на вашето релевантно искуство за работната позиција за која аплицирате.
    Секоја компанија има различни барања во поглед на тоа дали за апликацијата е потребно
    CV или кратко резиме, но тоа секако ќе ви биде наведено во огласот за работа.
  7. Направете Портфолио
    Горенаведените чекори се исти за сите студенти, но портфолиоto е особено важно за
    студентите од креативните индустрии, како што се архитектура, уметност, дизајн, мода,
    рекламирање, музика, филм, издаваштво, изведувачки уметности, ТВ, игри, видео игри,
    софтвер, итн. Вашето портфолио треба да ги прикажува вашите најдобри проекти на кои
    сте работеле за време на студирањето, но и проектите на кои сте работеле надвор од
    рамките на факултетот. Ова им овозможува на регрутерите да имаат увид во вашата
    креативност, вештини и способности при работа на различни проекти. Најдобро е да
    направите дигитално портфолио до кое секој може да пристапи во секое време и на
    истото лесно можете да правите промени и прилагодувања како што се ќе ви се зголемува
    работното искуство. Има многу сајтови со шаблони кои можете да ги користите за да го
    составите вашето портфолио многу брзо.
  8. Направете профил на LinkedIn
    LinkedIn е врвна платформа за социјални медиуми за луѓе кои бараат работа, вработуваат
    или сакаат да ја зголемат својата професионална мрежа. Одлична идеја е да креирате
    профил на оваа платформа, особено ако работите во ИТ, дизајн или продажба, бидејќи
    ова се едни од најчестите професии за кои се аплицира за вработување преку LinkedIn.
    Погрижете се информациите што ги давате на LinkedIn да се совпаѓаат со вашето CV и
    вашето портфолио бидејќи регрутерите прават темелно истражување за сите кандидати.
    Може да побарате од вашиот кариерен советника да го погледне вашето портфолио,
    профилот на LinkedIn и вашето CV и да ви даде повратни информации со цел да имате
    најдобри шанси да ја добиете работата.
  9. Вежбајте ги вештините за интервју
    Ако сте стигнале до интервју при процесот на вработување, вие сте еден од среќните
    кандидати, но сè уште не сте стигнале до крај. Интервјуто е генерално еден од чекорите
    кои повеќето луѓе ги прави нервозни. За да ги зголемите шансите да го поминете
    интервјуто, важно е да вежбате за него. Можете да го направите тоа со вежбање
    наодговорите на најчестите прашања кои се поставуваат на интервју сами или со помош
    на вашиот советник за кариера.
  10. Имајте план Б
    Ако поради некоја причина не успеавте ја поминавте фазата на интервју, можете да го
    искористите ова искуство за да откриете каде треба да се подобрите за идните интервјуа.
    Погледнете го уште еднаш вашето CV и портфолио и направете промени врз основа на
    повратните информации што ги добивте на вашето интервју затоа што наоѓањето работа
    е всушност работа со полно работно време. За да бидете успешни и да ja пронајдете
    вистинскaта работа за вас, мора да бидете во тек со трендовите и новостите во вашата
    индустрија и постојано да се подобрувате. Со среќа!
Претходно Градење успешна кариера преку младински гаранции

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©