Добри практики во врска со кариерното советување на лица со попреченост

Добри практики во врска со кариерното советување на лица со попреченост

Во денешно време, пазарот на труд станува исклучително конкурентен бидејќи многу
професии изумираат додека секоја година се појавуваат нови професии. Како резултат на
тоа, луѓето кои бараат работа треба да бидат способни брзо да стекнат нови вештини за
да се прилагодат на овој променлив пазар и да напредуваат во својата кариера. Но, како
оваа промена влијае на лицата со попреченост? Како тие ќе останат релевантни на овој
неизвесен пазар на труд? И како советниците за кариера можат да ги поддржат своите
клиенти со попреченост додека бараат вработување?
Подолу, ќе зборувам за пристапот што можете да го преземете додека работите со лицата
со попреченост, каква поддршка ќе им треба на вашите клиенти, и кои се најважните
аспекти на кои треба да се фокусирате за време на вашите сесии за кариерно со цел да
им дадете најдобри шанси на вашите клиенти за да најдат работа што ја сакаат.

Видови на Попреченост
Дури и пред да започнете со структурирање на сесијата за кариерно советување, од
суштинско значење е да имате проценка за попреченоста на вашиот клиент од
лиценциран професионалец или лекар за здравствена заштита. Откако ќе го земете во
предвид видот на попреченост, можете да започнете со планирање на вашата прва сесија.
Вашиот клиент може да има некоја од следните видови на попреченост:
● Глуви или наглуви лица
● Лица со оштетен вид
● Лица со интелектуална попреченост
● Лица со физичка попреченост
● Лица со нарушување на спектарот на аутизам


Работа со Глуви или Наглуви Лица
Тѕка се вклучени лицата со оштетен слух кои можат да имаат од благи до посериозни
оштетувања. Со цел да им помогнат да комуницираат секојдневно, тие можат да користат
голем број стратегии, како што се читање од усни, слушни помагала, пишување белешки и
преведувачи на знаковен јазик. Ќе треба да го одредите правилниот метод на
комуникација пред да започнете со советување за кариера.


Работа со Лица со Оштетен Вид
Лицата со оштетен вид делумно гледаат или целосно го изгубиле видот. Акоцелосно го
изгубиле видот, тие обично користат Брајово писмо за читање и пишување. Откако ќе го
земете тоа во предвид, можете да продолжите со вашите стандардни сесии за
советување за кариера.

Работа со Лица со Интелектуална Попреченост
Лицата со интелектуална попреченост може да имаат одредени ограничувања кога
станува збор за комуникација, социјални вештини, способност за работа на одредени
работни места и други потешкотии во зависност од видот и сериозноста на
интелектуалната попреченост. Пред да започнете со сесиите за советување за кариера, ќе
сакате да добиете информации од лиценциран професионалец за сериозноста на
нивната состојба за да можете да ја одредите вистинската стратегија за сесиите за
советување.


Работа со Лица со Телесен Инвалидитет
Лицата со физичка попреченост може да имаат оштетувања во нивното физичко
функционирање вклучувајќи проблеми со подвижноста, умешноста, издржливоста итн.
Оваа попреченост може да биде привремена или трајна. Лицата со физичка попреченост
знаат во колкава мера им влијае нивната попреченост при секојдневното функционирање
и работа, така што ќе можете да се консултирате со нив за тоа кој би бил најдобриот
начин на работа на сесиите.


Работа со Лица со Нарушување од Спектарот на Аутизам
Терминот „аутизам“ се користи за да ги опфати лицата соаутистичко нарушување,
Аспергеров синдром и атипичен аутизам, кои се состојби кои влијаат на тоа како
информациите се складираат во мозокот на една личност. Како резултат на тоа, луѓето со
нарушување од спектарот на аутизам може да имаат потешкотии со социјалната
интеракција, вербална и невербална комуникација, сензорни чувствителности, па дури и
некои повторувачки однесувања или намален интерес за одредени активности. Во
зависност од нивната состојба, ќе треба да работите со лиценциран професионалец за да
креирате стратегија прилагодена на нивните потреби за време на вашите сесии за
советување за кариера.
Креирање на План за Кариерно Советување за Лица со

Попреченост
Во овој дел, ќе разговарам за основните чекори при креирањето на план за кариерно
советување за лицата со попреченост.
Познавањето на Степенот на Попреченоста
За да можат сесиите за кариерно советување да се го имаат посакуваниот резултат кај
клиентот, клучно е да дознаете повеќе за вашиот клиент, особено ако работите со лице со
попреченост. За време на вашата прва сесија, можеби ќе сакате да разговарате со нив
или да добиете информации за нив од лиценциран здравствен работник со цел да
дознаете колкав е степенот на нивната попреченост. Како резултат на тоа, ќе имате

повеќе информации кога клиентот ќе почне да зборува за потенцијални кариери и
можности за работа во понатамошниот дел од процесот на кариерно советување.

Систем за Поддршка
Составен дел од процесот на кариерно советување е лицето да има систем за поддршка
сочинет од членови на семејството, пријатели или професионалци кои ќе му пружат
поддршка низ процесот. И покрај тоа што индивидуалната мотивација на клиентот е
клучна, исто така е потребно клиентот да има некој кој ќе биде цело време покрај него и ќе
му помогне при зголемување на самодовербата и зајакнување на одредени вештини.
Определете ги Очекувањата
Како и пред секоја друга сесија за кариерно советување, првото нешто што ќе треба да
направите е да воспоставите доверба со вашиот клиент и да разговарате за тоа што тие
очекуваат од сесиите.

Направете Личен Профил
За време на вашата прва или втора сесија со клиентот, добро е вашиот клиент да
започнете работи на создавање на личен профил за да може да ги процени своите
интереси, желби и да осознае дали му е потребна помош за идентификување на своите
силни страни. Некои од информациите што е корисно да се вклучат во профилот се:
● Интереси и лични вредности
● Информации за нивното потекло и образование
● Список на вештини и области на компетентност
● Список на цели
● Предизвиците со кои се соочуваат
● Што друго што мислат дека треба да го вклучат

Направете Личен План
Секој има свои индивидуални потреби на кои треба да работи за време на процесот на
кариерно советување. Некои клиенти можеби ќе сакаат да работат на своите социјални
вештини, некои ќе сакаат да вежбаат да прават интервјуа, некои ќе имаат потешкотии да
одредат кои се нивните силни страни. За да бидете успешни за време на вашата сесија,
погрижете се да креирате план по мерка за секој клиент. Доколку клиентот работи со
други професионалци, погрижете се да ги консултирате и нив и да разговарате за вашиот
план за акција со нив.

На крај ги вклучив најважните вештини кои треба да ги има секој кариерен советник при
кариерно советување со лицата со попреченост.

● Имајте трпение (запомнете дека целиот процес е маратон, а не краток спринт).
● Имајте емпатија (Вашите клиенти даваат сè од себе и треба да можат да се
потпрат на вас, а за тоа е потребно вие да сочувствувате со нив).
● Слушајте (Активното слушање е исто толку важно како и сите други совети што
веќе ги спомнавме, ако не и најважното. Погрижете се да внимавате на секоја
информација што вашиот клиент ја споделува со вас, бидејќи оваа мала
информација може да го содржи клучот за да откриете точно каква помош му треба
на вашиот клиент.)
Ви посакувам среќа во сите ваши идни сесии за кариерно советување!

Претходно 10 совети кои ќе ви помогнат да ја добиете вашата прва

Следете нѐ

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©