Систем за кариерно советување и насочување во Северна Македонија

ПРЕГЛЕД

Во Република Северна Македонија има 75 кариерни центри од кои 52 се наоѓаат во средни училишта, финансирани од проект на УСАИД и спроведени од мрежата ЈЕС (Мрежа за поддршка на млади претприемачи) во соработка со Министерството за образование и наука во 2015 година Во овие центри работат наставници, педагози, психолози и други професионалци, вработени во училиштата. Целта на овие центри е да обезбедат советување и кариерни насоки, како и да им помогнат на учениците да продолжат со своето образование. 23 кариерни центри се наоѓаат во високообразовни институции / универзитети од 2017 година. Скоро секој јавен или приватен универзитет во Република Северна Македонија има кариерен центар. 

Постојат невладини организации кои работат на кариерна едукација, советување и менторство преку разни видови програми за финансирање, вклучувајќи ја и програмата Еразмус+. 

Секоја година се организира саем за кариера и вработување во Република Северна Македонија. На овој настан, македонските и странските компании кои имаат претставништва во Република Северна Македонија, ја презентираат својата работа и понуди, а најчести посетители на овој настан се дипломирани студенти или студенти кои се во последната година од студиите. Слични настани се организираат од поголеми приватни универзитети во Република Северна Македонија. 

Во 2018 година, Еврогајденс центарот организираше саем за кариерно советување за училиштата за стручно образование и обука во Скопје и учесници на овој саем беа ученици од 8 и 9 одделение од основните училишта. 

Исто така, во 2018 и 2019 година организиравме Еврогајденс конференција за кариерни консултанти од СОО училишта со експерти од ЕУ. Учесници на оваа конференција беа наставници кои работат во кариерни центри во училишта за стручно образование и обука од различни градови во земјата. Резултатот од оваа конференција е Водичот за кариерно образование што ќе го доставиме до сите СОО училишта кои имаат кариерни центри. 

Ние како Еврогајденс центар, организираме информативни сесии во сите универзитети и СОО училишта кои имаат кариерни центри, а учесниците на овие сесии се различни целни групи. Учесници се ученици, студенти и наставници, но исто така и академски кадар кој работи на универзитетите. Исто така им помагаме на кариерните центри и им ги обезбедуваме сите новости. 

ОБРАЗОВНИ ПОЛИТИКИ

Релевантни институции за развој на образовните политики во Република Северна Македонија се Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика. Покрај тоа, Агенцијата за млади и спорт, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и Центарот за образование на возрасни, исто така, придонесуваат за прашања од политиката. 

Во 2015 година, законот за средно образование беше прилагоден за воспоставување кариерни центри во училиштата. Исто така, во 2017 година кариерните центри на универзитетите беа отелотворени во законот: 

„Секој универзитет формира најмалку еден кариерен центар. Кариерниот центарот води посебна евиденција за дипломираните студенти (алумни) и организира саеми за кариера на секој факултет / универзитет што основал кариерен центар. Кариерниот центар е регулиран со општ акт донесен од сенатот на универзитетот, следејќи го статутот на универзитет “. 

ПОЛИТИКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Во Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија е надлежно за политиките за вработување. 

Донесена е Стратегија за вработување 2016-2020 година, во која се наведени идните потреби на пазарот на трудот, како и потребите за нови работни места за идните генерации. Исто така, тоа укажува на зголемување на компетенциите и вештините во зависност од потребите за дадената година. 

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија воведе и спроведе програми, мерки и помош за вработување и самовработување. 

Програми за вработување 

  • програма за самовработување  
  • субвенционирање на вработување 
  • пилот програма за субвенционирање земјоделски работници во село 
  • програма за обука за подготовка на вработување 
  • набљудување на работа 
  • набљудување на работа со субвенции 
  • обука за задоволување на барањата на пазарот на трудот 
  • обука за напредни ИТ вештини 
  • стажирање како работно искуство пред вработување 
  • образование за започнување бизнис 
  • Анкета за слободни работни места 
  • организирање на јавни работи 
  • проект за самовработување со кредити 

Исто така, во рамките на програмата за самовработување, постои можност за самовработување за лицата со попреченост. Оваа програма е под Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и програмата од УНДП. 

Професионална ориентација 

Агенцијата за вработување обезбедува професионална ориентација на невработените и оние кои бараат нова работа, со нивно тестирање и интервјуирање, како и информирање за потребните вештини за дополнителни можности за вработување. 

Професионалната ориентација вклучува и индивидуално советување при избор на занимање според стремежот, интересите и способностите на лицето за одредено занимање и потребите и можностите на пазарот на трудот. Професионална ориентација се дава на невработени лица, студенти, вработени и инвалидни лица, ако тоа е важно за избор на нивно занимање и професионален развој. 

За учениците од завршна година на основно и средно образование, Агенцијата и надлежните институции од областа на образованието организираат советување во врска со изборот на професија, преку предавања организирани од научни и стручни работници, како и посети на изложби, информативни филмови , претпријатија и сл. 

По индивидуално советување за избор на занимање засновано врз посебните квалитети, знаење, интереси и аспирација на ученикот, агенцијата препорачува најсоодветен вид занимање. 

Активностите за професионална ориентација во центрите за вработување можат да бидат поделени како: 

  1. Обезбедување информации за карактеристиките на занимањето, можностите за континуирано образование во средно и високо образование, потребните вештини за одредени занимања, можноста за вработување; 
  2. Професионална ориентација и советување – засновано врз професионалните интереси, способности и други карактеристики на личноста; 
  3. Професионален избор на кандидати за обука, преквалификација или понатамошно квалификување и помош на работодавците при избор на нови вработени. 

Услугите за професионална ориентација се бесплатни. 

Младински политики 

Во однос на младинските политики, Националната стратегија за млади за 2016-2025 година беше креирана од Агенцијата за млади и спорт во февруари 2015 година. 

Стратешките приоритети во Стратегијата за млади се следниве: 

  1. Обезбедување на подобар животен стандард и еднакви можности за квалитетен живот.
  2. Создавање услови за почитување и заштита на основните права и слобода, систематско интегрирање и интеракција на различни категории млади.
  3. Создавање можности за младите да бидат вклучени во следењето и спроведувањето на политиките и одлуките што ги засегаат.
  4. Еднаков пристап до квалитетно образование и други форми на личен и професионален развој. 

УСЛУГИ И ПРАКСА

Кариерното oбразование и насочување го спроведуваат неколку различни институции на различни нивоа, за различни возрасни групи. Во секторот за образование, ова се реализира преку различни образовни програми и наставни планови. Во училишниот сектор, кариерното образование се спроведува од наставниот кадар и стручната служба. 

Според законот за основно образование, се наведува дека во основните училишта, секој наставник или образовен експерт треба да има задолжителен професионален развој. Задолжителната понатамошна обука делумно е финансирана од училиштето, а делумно од самиот наставник или стручна служба. Кариерното советувањето во основните училишта често го вршат наставници и стручна служба, а има за цел да им помогне на учениците во изборот на образовните патишта. Психолошките и педагошките програми се назначени за спроведување на кариерна едукација за ученици, најмногу во последната година од основното училиште. Кариерната едукација се изведува на индивидуални или групни сесии, во кои наставниците од средните училишта често ги посетуваат основните училишта и ги презентираат своите програми и можности. 

Според Законот за наставници во Република Северна Македонија, министерот за образование и наука секоја година ја објавува Годишната програма за обука за стручното образование на наставниците. Нацрт-програмата за обука и професионален развој ја подготвува и предлага Бирото за развој на образованието во соработка со Центарот за стручно образование и обука, Државниот испитен центар, Државниот инспекторат за образование и Академијата на наставници. Наставниците се должни професионално да се усовршуваат најмалку 40 часа во текот на три учебни години. Во мај 2016 година, седум илјади наставници од сите средни училишта присуствуваа на обука за подобрување на квалитетот на интерактивната настава. 

Според Законот за високо образование, кариерните центри на универзитетите се формираат за да организираат практична обука за студентите кои учат како да користат нови технологии. Вработените во кариерните центри се советници кои ја познаваат областа на образованието. Кариерните центри мора да организираат месечни состаноци заедно со претставници на Агенцијата за директни странски инвестиции за да разговараат за потребите на пазарот на трудот, за да се намали јазот помеѓу побарувачката и понудата на работна сила. Универзитетските кариерни центри се задолжителни според Законот за високо образование. 

Агенцијата за вработување во Република Северна Македонија одржува повеќе видови на обуки кои ги промовираат програмите на самата Агенција. Обуката се спроведува во општините, обединувајќи ги работодавците и младите кои бараат работа на возраст до 35 години. 

Нема определени центри за кариерно насочување на младите. Кариерното насочување на младите најмногу се спроведува преку проекти организирани од невладини организации, Европскиот центар, како и од кариерните центри во средните училишта.

ОБУКА

Вработените во Агенцијата за вработување на Северна Македонија се обучени преку ИПА претпристапните фондови на ЕУ и проектите ЕУРЕС. Наставниците од основните и средните училишта посетуваат разни обуки во Република Северна Македонија и Европа. Преку специјални програми предвидени на универзитетите, обучени се специјалисти за кариерно советување на универзитетските кариерни центри. Исто така, имаме многу кариерни центри во невладиниот сектор. Имаме кариерни центри што се создадени за младите и тие ги даваат сите информации за младите. Во некои општини, имаме младински совети, но исто така имаме и други невладини организации кои имаат кариерни центри. Со одлука на Владата на Северна Македонија, постојат три регионални кариерни центри во училиштата за стручно образование и обука во Тетово, Охрид и Куманово. Овие центри ќе обезбедат квалификации и доквалификација за сите заинтересирани за пазарот на трудот. Овие регионални центри даваат можност за поголема соработка помеѓу средните училишта и државата ќе насочи средства за развој на таквите центри. Овие центри треба да започнат со работа следната учебна година. 

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Во ноември 2016 година, Младинскиот совет спроведе истражување и анализа за работните вештини на младите во Република Северна Македонија. Бирото за развој на образованието објави прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручното образование во основните и средните училишта. Прирачникот дава насоки за планирање на професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар, следење на квалитетот на нивната работа, самооценување на професионалните компетенции, репарација на личен план за професионален развој, планирање на професионален развој на ниво на училиште и следење на реализацијата на професионален развој. [Упатството е достапно на македонски јазик на овој линк 

Во однос на младите, 4 кариерни центри за ранливи групи се отворени во центрите за образование на возрасни во Скопје, Штип, Прилеп и Битола преку ИПА проектот.

Исто така, како земја, забележуваме дека некои основни училишта и специјални училишта имаат интерес да отворат кариерни центри. 

ЕТИКА

Во однос на етиката, различни етички кодекси на вработените и студентите се донесени во скоро сите универзитети. Министерствата, Агенцијата за вработување на Северна Македонија и Центарот за стручно образование го применуваат етичкиот кодекс за административните службеници.

Последно ажурирање: ноември 2020 година

Корисни линкови

LogoFooter

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©