Опис на мрежата...

Еврогајденс ја поддржува интернационализацијата на кариерното насочување и советување. 

Еврогајденс е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за насочување. Еврогајденс центрите работат во околу 34 земји.

ЦЕЛИ НА МРЕЖАТА

Промовирање на европска димензија и водство

Обезбедување на квалитетни информации за доживотно насочување и мобилност за целите на учење

Главна целна група на Еврогајденс за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји. Во Република Северна Македонија, Национален центар за Еврогајденс е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Еврогајденс како мрежа на европско ниво е многу значајна во кариерата. Таа спроведува водство и советување за образовниот и кариерниот развој. Погледнете ги можностите за учење кои ги нуди мрежата.

БЕНЕФИЦИИ НА МРЕЖАТА

Бенефициите кои ги нуди оваа мрежа освен вмрежувањето на кариерните советници се и различни видови на обуки кои се одржуваат од провајдери или институции од цела ЕУ. Тие вклучуваат, можности за споделување на добри искуства и практики, разни алатки за кариерно советување и насочување, методи и техники за кариерно советување и насочување, правилници, прирачници, водичи и друг вид на материјали кои се однесуваат на кареирно советување и насочување, како и различни обуки и настани кои се организирани од страна на Еврогајденс центрите.

За кого е
наменета

Еврогајденс мрежата најчесто ја користат кариерните советници во средните стручни училишта, на универзитетите и во младинските невладини организии, но и секој кој сака да се занимава со кариерно насочување и советување, па дури и младите лица.

03

Еврогајденс Амбасадори

Запознајте ги Еврогајденс амбасадорите во Р.С. Македонија

Станете дел од националната
еврогајденс мрежа

Корисни линкови

Кузман Јосифовски Питу 17, 1000 Скопје

Пон – Пет: 07:30  – 16:30 

Еврогајденс Северна Македонија | 2023 - Сите права задржани ©