На ден 21.12.2022, реализирана е работилница за кариерно водство за млади, на тема “Дали сум привлечен за работодавачите”. Работилницата се реализираше во рамки на Деновите на кариера на Касарна Хаб – Охрид.
Во рамки на работилницата на младите им беше овозможено да направат самопроценка на своите вештини кои ги прават конкурентни на пазарот на труд. Им беше овозможено да поминат низ чекорите на кариерно планирање преку чекорите на активно барање работа. Една од главните точки беше изработката на Europass CV, како модел на електронско портфолио и корисна дигитална алатка. Беше споделен линкот со објаснување како се користи истата.