На 06.10.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во Министерство за образование и наука. На состанокот присуствуваа вработени лица од Министерство за образование и наука од секторите за основно образование, средно образование, високо образование, наука и иновации и НРК.
Најпрво се разговараше за мрежите за секоја поединечно и какви можности нудат истите и во кои вработените од Министерството за образование и наука можат да се вклучат.
Активностите кои следуваат од следната година и во кои ќе бидат вклучени и вработени лица од Министерство за образование и наука. Во однос на мрежата Европас се напомена сите вработени да си отворат свои профили на Европас.
За мрежата еТвининг се напомена дека во иднина ќе се организираат настани со наставници на кои ќе бидат поканети и Министерството за образование и наука со двајца вработени.
На крајот на состанокот се напомена дека по маил ќе бидат испратени сите веб страни и дополнителни информации за сите три мрежи.